Од утре ценовен шок, растат цените на маслото за јадење, лебот , брашното бензините, јајцата, млекото , млечните производи…

Од утре нов удар врз стандардот на граѓаните – компаниите ги прават последните пресметки. На полноќ завршува важноста на дел од владиниот сет од 26-те антикризни мерки кои беа донесени со цел спречување на ценовни шокови за граѓаните, се отвора простор за вртоглав раст на цените на прехрамбените производи, но и на нафтените деривати. 

Основните прехрамбени производи од 1 јуни повторно ќе се продаваат со ДДВ – според информациите на ТВ24 од утре литар масло за јадење Брилијант ќе се продава по цена повисока за 12 проценти, или ќе чини околу 155 денари. 

„12% Брилијант ќе се покачи за 12%, од прилика ќе се продава по цена од 155 денари за литро. 5 % се оние кои ќе се вратат со укинување на мерката за намалено ДДВ, и дополнителни 7 % со кој ќе се покриваат веќе направените загуби.“ – изјави Сашо Наумоски – Генерален директор на Витаминка.

Откако ќе се врати ДДВ-то на 5 проценти, и ќе се укине замрзната маржа повисоки цени ќе имаат и месото, јајцата, млекото и млечните прозиводи, шеќерот, оризот, брашното, лебот.  

Од економија пред десетина дена посочија дека нема да се оди на опција замрзнување на цените бидејќи не може да се влијае во делот на цените на суровините кои се увезуваат и влијаат врз крајните цени.  

Од утре кај горивата пак се враќа стапката на ДДВ од 10 на 18 %, но и намалената акциза. Според првичните пресметки на дел од познавачите цените на бензините ќе скокнат и до 10 денари за литар. Од налдежното министерство за финансии на прашањата на ТВ24, денеска без конкретен став. Од Владата, пак посочија  седница се одржа, но на неа не станало збор за пролонгирање на антикризните мерки или пак евентуално носење нови. 

Дали утрешното одмрзнување на цените ќе значи и ново поскапување министерот за земјоделство не сакаше да шпекулира.  

 Во делот на енергенсите на сила до крајот на годината останува засега претходно денесената мерка за намалено ДДВ на струја за домаќинствата до 5 проценти. Целиот пакет антикризни мерки тежи 400 милони евра, а во него покрај  даночните ослободнувања, намалувања, замрзнувања на маржи, имаше и еднократни ваучери.

извор 24mk

Total
0
Shares
Поврзани објави