Од февруари,покачување на платите на вработените во Клинички центар

Самостојниот синдикат на Клинички центар постигна договор за покачување на нето платата за 2.000 денари, а дополнително ќе се исплаќа и ноќен и минат труд, како и додатоци. Ова ќе почне да се применува со февруарската плата во 2023 година. Денеска е постигнат договор со Владата и сите одлуки се во согласност со нивните претходни барања.

Покачување на плата ќе добијат медицинските сестри, болничарите, стоматолошките сестри, лаборантите, рендген техничарите. Постигнат е и договор за здравствената администрација да остане како дел од здравството, а не да премине во јавна администрација.

Исто така, прифатена е и понудата да не се менува поединечниот колективен договор на докторите за додатоци на плати и дежурства. Во однос на Колективниот договор прифатено е барањето да не се брише Поединечниот колективен договор на Клинички центар и да не се воведе унифициран колективен договор.

Total
0
Shares
Поврзани објави