Од 11 април генерален штрајк во градинките

Членовите на СОНК од 11 април стапуваат во генерален штрајк откако вчера не постигнаа договор со Владата за зголемување на платите во образованието. Синдикалците се револтирани бидејќи платите во овој сектор се на границата со законскиот минималец од 18 илјади денари и бараат покачување од 18,5 отсто.

Од СОНК соопштија дека анкетите меѓу членството биле клучни за одлуката за генерален штрајк.

Од СОНК побараа разбирање од родителите бидејќи со стапување во генерален штрајк нема да се примаат децата во градинките и нема да може да се одржи предвидената матура а штрајкот може да се одложи само доколку се исполнaт барањата и се покачи платата.

Денеска на улица излезе и Конфердерацијата на слободни синдикати кои исто така бараат скалесто зглемување на платите. Оттаму посочуваат дека со утврдување на законскиот минимум се опфатени само 10 отсто од вработените во администрацијата и потребнмо е да се изврши усогласување на платите со минималецот за да нема ситуации во кои вработени на различни работни позиции и со различен степен на образование да добиваат иста плата. Покачување на бодот на сто денари од сегашните 82 е едно од решенијата кои ги предлага Конфередацијата.

Синдикалците од денешниот протест порачаа дека доколку Владата не им излезе во пресрет можно е да стапат во генерален штрајк како колегите од СОНК.

Total
0
Shares
Поврзани објави