Општина Центар даде дозвола и за втора висококатница кај “Холидеј ин”

Центар даде дозвола и за втората висококатница кај „Холидеј ин“ – од иницијативата Шанса за Центар тврдат ДУП-от за тој дел е незаконски, бидејќи ги прекршува сите параметри на Генералниот урбанистички план. Алармираат дека тој не смее да се спроведе и го обвинија градоначалникот е глув на предупредувањата.

„Ваквото незаконско постапување го поддржуваат и други институции како Јавното обвинителство кое повеќе од една и пол година не одговара на поднесената иницијатива од страна на Антикорупциската комисија. Антикорупциската комисија смета дека има низа на законски прекршувања во начинот ипостапката со која е донесен урбанистичкиот план по кој се гради и се издаваат дозволи за овој простор“, обвинува советничката група.

На оваа обвјава на Шанса за Центар, преку сооопштение реагираше општината, отфрлајќи ги информациите како неточни, тенденциозни, и со цел да наштетат на угледот на општината. Велат, законска обврска им е да ги спроведуваат постапките предвидени со законите за градба, а досега ниту еден суд или истражен орган се нема произнесено дека некој од Дуповите е незаконски и не треба да се спроведува.

Total
0
Shares
Поврзани објави