Оставката на Заев в петок пред ЦО

Според најавите в петок Зоран Заев ќе ја ефектуира партиската оставка, по што треба да стартува и процесот за внатрепартиските избори, на кои ќе се избере новиот претседател на СДСМ, кој според Заев треба да биде и премиер.

Актуелниот генерален секретар Љупчо Николовски нема амбиции да седне на местото на Заев, воедно за претседателската позиција нема да се кандидира ниту министерот Оливер Спасовски, кој смета дека Заев треба да си остане и на партиската и на премиерската функција.

Според партискиот статут, одлуката за распишување на внатре-партиски избори ја носи Извршниот одбор најдоцна 15 дена по престанокот на функцијата. Изборите се непосредни, со тајно гласање на сите пријавени членови. Новиот претседател, како што најави и Заев, треба да биде и мандатар на новата влада.

Неофицијално една од можните претеденти на оваа функции е Димитар Ковачевски, кој што го придружуваше Заев на лидерската средба со Африм Гаши.

Седниците беа закажани на барање на Заев, кој најави дека ќе бара признавање на оставката, најавена на 31 октомври, по вториот круг од изборите и лошите резултати на владејачката коалиција.

Истиот ден, Африм Гаши ќе реферира пред Централното претседателство за преговорите со Заев. На состанокот треба да се донесе одлука дали Алтернатива ќе биде дел од мнозинството 

Total
0
Shares
Поврзани објави