Отворена сметка за донации за потрагата по исчезнатиот Мартин

Петти ден потрага по Мартин Јовановски, но денеска со намален интензитет. Во нова објава на социјалните мрежи, Иван апелира за помош на семејството. Иван беше второто момче кое беше пронајдено од страна на крајбрежната служба, а тој реши да отвори донаторска сметка за собирање средства за потрагата по третиот македонски граѓанин. Во потрагата во претходните денови беа вклучени неколку пловила, хеликоптер, но и подводен дрон.

– Јас, Иван второпронајдениот од тројцата изчезнати во Грција, во име на семејството на Мартин кои се во активна потрага, отворив наменска донаторска сметка за собирање на средства. Доколку сте во можност, би ве замолил за ваша донација за што побргу да ја завршиме оваа потрага и да им го олесниме товарот на неговата фамилијата.

За донации од Македонија :
200003989311717
Стопанска Банка АД Скопје
Цел на дознака: Донација за Мартин
Шифра на плаќање : 562
За донации од странство :
IBAN : MK07200003989312202
SWIFT CODE : STOBMK2X
Stopanska Banka AD Skopje

Според информациите на МИА, пракса на грчката крајбрежна служба е потрагата да трае 72 часа, односно три дена, меѓутоа како што вчера соопштија од нашето Министерство за надворешни работи овој рок е продолжен по телефонскиот разговор меѓу шефовите на двете дипломатии Бујар Османи и Никос Дедниас.

За време на разговорот Османи замоли за продолжување на потрагата и покрај изминувањето на редовниот рок, при што беше информиран од својот колега дека е донесена одлука со која се продолжува потрагата по исчезнатиот, соопштија од МНР и додадоа дека шефот на дипломатијата упатил благодарност за трудот и пожртвуваноста на грчката крајбрежна служба, военото воздухопловство и локалното население, кои се вклучени во потрагата.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Малолетници натепале цимер

На 14.11.2019 во Полициската станица Кавадарци полициски службеници ги привеле А.М.(18) од с.Негорци и двајца малолетници, во присуство…