ОJO го следи случајот со телефонските броеви на пратеници кои осамнаа на Твитер

Службените телефонски броеви на пратениците од владејачката коалиција осамнаа на Твитер, со повик до граѓаните : „Порачајте им да не го предаваат македонскиот народ“. Ваквата објава на приватен профил на еден од корисниците се случува во пресрет на утрешната собраниска седница на која што треба да се разгледува францускиот предлог со кој треба да се тргне бугарското вето за почеток на преговорите со ЕУ.

Од скопското обвинителство велат дека ги следат информациите и доколку бидат утврдени елементи на кривично дело ќе се постапи согласно законските надлежности.

Постот на Твитер содржи телефонски броеви на сите пратеници од СДСМ, ДПТМ, ВМРО-Народна, НСДП, ССМ и еден „независен“.

Пратеникот Горан Мисовски од НСДП за ДВ вели дека штетата е веќе направена, со тоа што им е нарушена приватноста и се објавени службените броеви на пратениците коишто им се дадени на користење од Собранието.

На листата, иако се дел од владината коалиција, ги нема телефонските броеви на пратениците од ЛДП, ДОМ и ДС кои деновиве јавно изразија несогласување со делови на францускиот предлог и доставија предлог-заклучоци за негово дополнување до Собранието.

Total
0
Shares
Поврзани објави