Пендаровски: Акцијата во Арачиново пред 20 години беше неуспешна и некомпетентна

Претседателот Стево Пендаровски во своето денешно интервју за Дојче Веле по повод 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, за интервенцијата на специјалниот претставник на НАТО, Питер Фејт, со евакуација на припадниците на ОНА при фамозната акција на македонските вооружени сили во Арачиново, вели дека била на барање на државното раководство.

„Бев само неколку дена на работа и сѐ уште немавме направено ниту службено примопредавање со Никола Димитров, кога Трајковски, нѐ испрати двајцата, како претставници на кабинетот, во хотел „Белви” каде што беше штабот на здружените воено-полициски сили, последната вечер, пред нападот на Арачиново. Таму беше и специјалниот претставник на НАТО, Питер Фејт, кој наспроти шпекулациите за неговото самоволно однесување, за сето време ги слушаше нашите армиски и полициски генерали. И денес малкумина имаат смелост да кажат дека и влезот на Фејт во селото за да ја организира акцијата за евакуација на припадниците на ОНА откако беше очигледен неуспехот на акцијата, беше на барање на државното раководство“, се навраќа Пендаровски.

Шефот на државата вели дека нападот на кабинетот на тогашниот претседател Борис Трајковски од страна на полициските и воените резервисти следувал по нивната „некомпетентна и неуспешна акција“ во Арачиново.

„Да, најдраматичните моменти во кабинетот на претседателот се случуваа по неуспешниот почеток на акцијата за заземање на Арачиново, кога полициските и воени резервисти дојдоа пред Парламентот да протестираат против претседателот Трајковски, кој, наводно, ги предал во договор со странските посредници. Се разбира, вистинските виновници за неуспешната акција се обидоа својата некомпетентност да ја прикријат со пренасочување на вината кон човекот кој немаше никаква одговорност за таквиот исход. Незадоволната маса доцна попладнето го демолираше кабинетот на претседателот, а ние, вработените непосредно пред упадот бевме евакуирани со помош на обезбедувањето преку службените влезови на објектот. Тогаш не можев ни да претпоставам дека 16 години подоцна, во сосема други околности, повторно ќе бегаме од законодавниот дом пред налетот на граѓаните изманипулирани од политичарите“, вели Пендаровски во денешното интервју.

Total
0
Shares
Поврзани објави