Пендаровски во среда ќе го додели мандатот за состав на нова Влада

Пендаровски во средa ќе му го предаде мандатот за нова Влада на лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски. Шефот на државата утрово во изјава за Сител потврди дека веќе имал контакти со новиот лидер на СДСМ.

Од среда, почнува да тече рокот од 20 дена во кој новиот мандатар треба на Собранието да му го достави составот и програмата за работа на новата Влада. Веднаш штом Собранието го добие предлогот на мандатарот почнува да тече нов рок од 15 дена во кој спикерот Џафери мора да ја закаже седницата на која ќе се избира Владата. На неа, новиот мандатар ќе има свое експозе по кое почнува расправата која може да трае најмногу 2 дена, односно гласањето мора да се одржи најдоцна вториот ден пред полноќ.

За избор на нова Влада на Ковачевски ќе му биде потребно мнозинство од вкупниот број на пратеници.

Планот на пратеничката група на  СДСМ е пред Бадник или веднаш по Божиќ на 8 јануари во Собранието веќе да биде доставена програмата и новиот состав на Владата, а седницата за избор на нова Влада да се закаже идната недела за да може до сабота, 18 јануари новиот кабинет и официјално да добие зелено светло од пратениците.

Димитар Ковачевски ќе биде 11тиот премиер на Македонија, седми поддржан од пратениците на СДСМ.

Total
0
Shares
Поврзани објави