Перо Антиќ ги предводеше навивачите кои ги пречекаа македонските фудбалери

Македонската репрезентација која изминатите десетина дена учествуваше на Европското фудбалско првенство се попладнево со чартер-лет се врати во Скопје.

Репрезентативците на скопскиот аеродром беа пречекани од директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, претседателот на КФСМ, Перо Антиќ, како и од навивачи.

„Црвено-жолтите“ на својот дебитантски настап на едно ЕП забележаа три порази, но се прикажаа во солидно светло и достоинствено го претставија македонскиот фудбал.

Загубија со 1:3 од Австрија и 1:2 со Украина на средбите што се одиграа во Букурешт, и со 0:3 од Холандија на вчерашниот меч на „Јохан Кројф“ во Амстердам.

На оваа првенство во репрезентативниот дрес за последен пат настапи Горан Пандев.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Почина Франц Бекенбауер

Германската фудбалска легенда Франц Бекенбауер почина во својата 78 година од животот, откако во последните неколку месеци неговата…