Пехарот од Евровизија продаден за да се купат дронови

Пехарот што го освои како претставник на Украина со победата на овогодинешната Евровизија, бендот „Калуш оркестар“ го продаде на хуманитарна аукција за 900.000 долари, а парите ќе бидат наменети за купување на три беспилотни летала за вооружените сили на Украина.

„Пријатели, вие сте неверојатни! Благодарни сме на секој од вас што донираше средства за оваа аукција, а особено на тимот на Whitebit кој го купи трофејот за 900.000 долари и сега стана негов сопственик. Претплатете се на нив, тие навистина го заслужуваат тоа. Слава на Украина! Слава на вооружените сили на Украина“, објавено е на Фејсбук профилот на оваа група, пренесува Укринформ.

Total
0
Shares
Поврзани објави