Писмена опомена за Тупанчевски – не кажал и не смеел да користи гратис ложа на фудбалски натпревар

Славица Грковска, потпретседателка на Владата задолжена за политики за добро владеење, му напишала писмена опомена на министерот за правда Никола Тупанчески за кршење на  Етичкиот кодекс за избрани и именувани функционери, за гратис патувањето и картата во вип-ложата на натпреварот меѓу Италија и Македонија во Палермо.

Иако сите јавни функционери од Македонија во ложата таа вечер беа на покана на Фудбалската федерација на Македонија, сепак министер во вакви случаи, и да биде специјално поканет, ги крши член 12 и 17 од Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носители на јавни функции именувани од страна на Владата. 

Грковска меѓутоа го укорува Тупанчевски и зошто не и одговорил на јавноста веднаш, каков и да е одговорот за патувањето во Палермо, туку ја оставил да чека повеќе од една недела.

Како лице задолжено од Владата за следење на спроведување на Кодексот, а врз основа на информациите и податоците што министерот Тупанчевски ги достави, заменик-претседателката Грковска констатирала дека не е постапено согласно одредбите пропишани во Кодексот, при што меѓудругото, укажала дека согласно член 9 од Кодексот, носителите на извршни функции одговараат неселективно, навремено и аргументирано на прашања и коментари на јавноста за сите аспекти од своето работење и работењето на својата институција. 

Total
0
Shares
Поврзани објави