Победата на Барса во сенка на незгодната повреда на Араухо

Барселона со 3-1 ја совлада Селта и направи исчекор кон финиш на позицијата број два, натпреварот е во сенка на незгодната повреда на Роналд Араухо кој теренот го напушти со амбулантно возило.

Барселона без многу проблеми ја совлада Селта за три бода со кои „каталонците“ се на чекор до обезбедување на втората позиција на табелата.

Резултатот беше отворен по половина час игра, од својата прва шанса, домаќините поведоа со 1-0 со голот на Депај. Десетина минути подоцна, Холанѓанецот му асистираше на Обамејанг за 2-0.

На стартот од вториот дел Обамејанг го постигна својот втор гол и зголеми на 3-0, за две минути подоцна Аспас да намали на 3-1.

Потоа следеа немили сцени, Араухо се онесвести по еден воздушен дуел и судар со глави, па дефанзивецот со амбулантно возило го напушти теренот.

Откако натпреварот продолжи, двете екипи се обидоа да постигнат уште некој гол, беа креирани добри шанси, но мрежите мируваа.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Мурињо: Ги лажев сите!

Жозе Мурињо во неделата го имаше својот 1000 јубилеен натпревар во својата професионална тренерска кариера. Рома на Олимпико…