Погребна поворка во Пржино против урбанистичкиот хаос

Симбилична погребна поворка, мртовечки ковчези на кои беше напишано вода, мир, здравје, сонце и воздух се појави вчера на една од уличките на скопската населба Пржино во знак на револт на група граѓани против недозволенте градби во овој дел од градот.

Пред две години на улицата „Пржино“ при изградба на спорен објект се урна потпорен ѕид. Тогаш 16 семејства потпишаа петиција до Министерството за транспорт и врски за да укажат дека нема нивна согласност за градба во овој дел.

И покрај нивното несогласување, засега нема никаков одговор од надлежните, а тоа може да значи дека градбата може да продолжи секој момент.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода најпрво го поништил одобрението за градба на спорната зграда за компанијата „Топ метал“, а сега се чека на одговор од министерството каде што градежната компанија поднела жалба. За жителите Деталниот урбанистички план на општината е криминален и тие бараат жалбата на инвеститорот да се одбие.

„На нашата уличка од 16 семејства веќе има сообраќаен хаос, а што ќе се случува кога тука ќе се движат дополнително минимум 16 нови возила? Што ќе се случува со квалитетот на воздухот кога протокот на возила ќе биде најмалку четирипати зголемен бидејќи возилата ќе сообраќаат до крајот на слепата уличка во која не можат да се разминат две возила? Во моментот сите соседи имаат проблем со одлевање на фекалната вода по улици, подруми и дворови. Ни новоизградената атмосферска канализација не го реши проблемот. Во моментот постојано имаме прекини во водоснабдувањето и електричната енергија, кои предизвикуваат расипување на електричните апарати, бојлери, компјутери, греалки, проточни чешми. Прашуваме како овој планиран несразмерен објект на постојната изграденост и постојната канализациска, електрична и сообраќајна мрежа градена во 1960-тите ќе значи ‘рационално и одржливо користење на просторот’ и ‘заштита и унапредување на животната средина и природата’?“, велат жителите во петицијата до Министерството за транспорт и врски.

Тие бараат Министерството целосно да го потврди поништувањето на сите одобренија за спорната градба и да ја отфрли жалбата на градежникот како неоснована.

извор мкд.мк

Total
0
Shares
Поврзани објави