Помилуван потпретседателот на Самсунг , беше во затвор поради поткуп

Јужнокорејскиот претседател Џун Сук-Јол го помилува потпретседателот на „Самсунг Електроникс“ Ли Џае Јонг.

„Ова е со цел да се помогне во надминување на националната економска криза“, соопшти денеска јужнокорејското Министерство за правда.

Помилувањето е главно симболично, бидејќи Ли веќе е на условна слобода откако отслужи 18 месеци затвор за нудење мито додека беше на чело на најголемиот светски производител на паметни телефони и мемориски чипови, пишува Ројтерс.

Министерот за правда Хан Донг-хун рече, откако Шин Донг-бин, претседател на „Лоте Груп“, петтиот по големина бизнис конгломерат во Јужна Кореја, исто така беше помилуван, дека владата, поради итна потреба да ја надмине националната економска криза, внимателно избрала економски лидери за помилување кои го предводат националниот мотор на раст преку активно инвестирање во технологија и отворање нови работни места, соопшти британската агенција.

Total
0
Shares
Поврзани објави