Помилуван членот на собраниското обезбедување кој беше осуден за настаните од 27 април – Зијадин Села тврдеше дека му го спасил животот

Алими беше осуден на шест години затвор за настаните од 27 април затоа што го дал клучот од собраниските врати на началникот на обезбедувањето на Трајко Вељановски, Дејан Ѓошевски. Зијадин Села го бранаше дека тој му го спасил животот

Ова е прво помилување од страна на претседателот по реакции за новогодишниот предлог за помилување на лица од Министерството за правда, кое на крај беше повлечено

Претседателот Стево Пендаровски донесе одлука за помилување на осудени лица, а на листата се наоѓа и името на Абдуљфета Алими, членот на собраниското обезбедување кој беше осуден за настаните од 27 април, за кого, пак, лидерот на Алијанса за Албанците тврдеше дека му го спасил животот. На листата која Пендаровски ја потпишал вчера, а денеска е објавена во Службен весник, има уште четири други лица.

Потполно се ослободува од понатамошно извршување на казната затвор лицето Александар Петровски. Делумно се ослободуваат од издржување казна затвор лицата Абдуљфета Алими (во траење од 8 месеци), Неџмедин Матоши (4 месеци) Димитар Мишков (3 месеци) и Џафер Небија (5 месеци).

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Злоупотреби на ЕУ знаменцето, зголемени случаи на висока корупција – евроамбасадорот Гир со дел од забелешките во извештајот на ЕК за напредокот на Македонија

Загриженост во врска со политичката поларизација, посебно во делот на реформите, прекумерна, а некогаш и непотребна употреба на…