Поплави во Хрватска: Вонредна состојба во Петриња и Сисак

онредна ситуација е прогласена во Петриња и Сисак поради зголемувањето на водостојот на реката Купа. Се очекува нивото на водата да достигне и до десет метри, а следните 24 часа се сметаат за критични за ова подрачје.

Многу насипи, кои се оштетени во областа по земјотресот, се санираат од страна на хрватската армија.

Водостојот на реката Купа на мерното подрачје кај Петриња во петокот во пет часот изнесувал 972 сантиметри.

„Надоградивме привремени системи кои треба да траат. Се надеваме дека нема да има повеќе дождови“, изјави во четвртокот генералниот директор на Хрватски води Зоран Ѓуроковиќ.

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ во четвртокот ја посети областа на Петриња, а премиерот Андреј Пленковиќ ја посети областа Карловац.

Во Карловац водостоите на Купа и Корана почнаа да паѓаат, но реките полека се повлекуваат, па ќе прават проблеми и во наредните денови.

Најтешко е низводно од Карловац. Десетина села се опколени со вода, а бројни патишта се поплавени, а на локалното население им помагаат пожарникари и спасувачи.

Тешко е и во Костајница, но водостојот на реката Уна опаѓа, вонредната состојба е укината, но на сила се вонредните мерки за заштита од поплави. Градските улици и многу куќи се уште се под вода.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

ИК на ВМРО-ДПМНЕ ги потврди кандидатите за техничката влада – партијата останува на ставот дека нејзините пратениците нема да ја гласаат

ВМРО-ДПМНЕ  на седница на Извршниот комитет ги утврди кандидатите за министри и дополнителни заменици министри. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ,…