Почина Колин Пауел

Колин Пауел, првиот Афроамериканец кој бил државен секретар на САД, починал на 85 години.

Како што пренесува “CNN”, Пауел починал од компликации предизвикани од Ковид-19.

“Генерал Колин Пауел, поранешен државен секретар на САД и началник на Генералштабот, почина утрово поради компликации кои ги предизвика коронавирусот”, напишало неговото семејство на Фејсбук.

Додале дека изгубиле “прекрасен сопруг, татко, дедо и голем Американец”.

Колин Пауел е роден на 5-ти април 1937-ма година во Њујорк.

Пауел бил професионален војник, кого кариерата го одвела од учества во борби во војната во Виетнам, до тоа да стане првиот Афроамериканец кој станал началник на Генералштабот, а потоа и државен секретар.

Total
0
Shares
Поврзани објави