Почина легендарниот актер Милан “Лане” Гутовиќ

Милан “Лане” Гутовиќ во петокот итно беше примен во болница, каде што му бил направен ПЦР тест што покажал дека актерот не е заразен со корона вирус и е задржан на лекување.

Гутовиќ бил сместен на интензивна нега и добивал кислород преку респиратор. Имал промени во белите дробови, за кои лекарите претпоставувале дека можат да бидат последица на претходно прележаниот ковид- 19, пренесува Курир, повикувајќи се на Бета, од каде што веста ја потврдил синот на Гутовиќ.

Гутовиќ е роден на 11 август 1946 година во белградската населба Умка, а потоа живеел во Кумодраж. Во последниве години, тој често кампувал и ловел риби.

Родителите на Милан биле наставници. Имал постара сестра, Бојана, за која еднаш рече дека секогаш ја штител. Сакал да се запише на Природно -математичкиот факултет, но се обидел на Академијата за театар, филм, радио и телевизија, каде веднаш бил примен. Тој бил оженет и има ќерка Милица. Тргнала по патеките на нејзиниот татко, а покрај актерството се занимава и со балет. На крајот на 2016 година, Милица се породила, па актерот станал дедо. Повеќе од една деценија, тој беше во вонбрачна врска со Билјана Кнежевиќ, балерина во театарот Теразија. Со неа ги има синовите Јанко и Спасоје. Серии и филмови како „Тесна кожа“, „Метли без рачки“, „Отворени врати“, „Бели чамци“ се само дел од неговите достигнувања и проекти во кои го даде својот личен печат.

Total
0
Shares
Поврзани објави