Почина најмноќниот фудбалски агент во фудбалот – Мино Рајола

Мино Рајола почина на 54-годишна возраст во болница во Милано по долго боледување.

Најмоќниот фудбалски агент во светот имаше здравствени проблеми, но никогаш јавно не зборуваше за нив. Пред два дена се појавија лажни вести дека починал во болница, но потоа веднаш се огласи на социјалните мрежи. Овој пат Рајола ја загуби битката што беше потврдено од неговото семејство.

„Мино се бореше до самиот крај со истата сила како и на преговарачките маси за да ги брани фудбалерите. Како и секогаш, Мино не направи горди и некогаш не беше свесен за тоа“, се вели во дел од соопштението на неговото семејство.

Рајола претставуваше фудбалери како Ерлинг Халанд, Пол Погба, Златан Ибрахимовиќ, Матијс де Лихт, Џанлуиџи Донарума и многу други. Важеше за еден од најалчните агенти и заработуваше милионски провизии од трансферите на неговите клиенти. Често беше во војна со челниците на клубовите, но и менаџерите како Сер Алекс Фергусон и Пеп Гвардиола.

Total
0
Shares
Поврзани објави