Почина поранешниот пратеник Томислав Стојановски-Бомбај

Во Тетово почина Томислав Стојановски-Бомбај, поранешен пратеник во Собранието на Република Македонија и лидер на Демократската партија на Македонија (ДПМ). Тој беше роден 1940 година во Тетово, а завршил Машински факултет.

Беше избран за пратеник од редовите на ДПМ на изборите во 1994 година, а беше и кандидат за градоначалник на Тетово во неколку наврати.

Стојановски беше познат како долгогодишен директор на Средното земјоделско училиште „Моша Пијаде“ во Тетово. Бил и директор на енергетското одржување на некогашниот текстилен гигант „Тетекс“.  Откако се пензионираше Стојановски го основа Тетовскиот фолк фестивал што се одржуваше во манастирскиот комплекс во селото Лешок.

Total
0
Shares
Поврзани објави