Почина работник од Скопје при изведување градежни работи на зграда

Почина 55-годишен работник кој паднал додека извршувал градежни работи на зграда во Гази Баба.

– На 23.09.2021 во 16,39 часот во СВР Скопје од Итна медицинска помош било пријавено дека при изведување градежни работи на зграда во изградба на подрачје на Гази Баба паднал работникот М.Ц.(55) од Скопје, кој починал на местото на настанот, велат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и инспектор од Државен инспекторат за труд, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Повлечените МРП вакцини биле квалитетни, никој нема да одговара за погрешните податоци на налепниците

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Резолуција дека нема место за јавно–обвинителска интервенција во предметот оформен по…