Почина Реџаил Ќерими, осуден на доживотен затвор за убиство на „Алфите“ кај ПМФ

Доцна синоќа починал Реџаил Ќерими кој беше осуден на доживотна затворска казна за случајот со нападот на полициските „Алфи“ кај ПМФ.

Од МВР потврдуваат дека кај нив е пријавена смрт на затвореник од КПУ „Идризово“, Ќ.Р. (52) од Куманово.

Ќерими починал како последица на мозочен удар. Бил пронајден без свест во затворската бања, а починал при транспортот во болница.

Одбраната на лицата кои добија казна доживотен затвор со доказ видео-материјал за кој бараа меѓународна експертиза, за да се откријат лицата на убијците, бараше и чекаше одлука на Врховен суд за да се повтори постапката. Одлука се уште нема.

На 26 ноември 2008 година, на паркингот на Математичко -природниот факултет во Скопје, во вооружен напад на полициските „Алфи“ еден припадник загина, а двајца негови колеги со кои бил на патрола беа повредени. Во април 2010 година, Реџаил Ќерими и Агим Ислами беа осудени на доживотен затвор.

Total
0
Shares
Поврзани објави