ПОЧИНА 51 ГОДИШНИОТ ПАЦИЕНТ СО ТРАНСПЛАТИРАНО СРЦЕ ОД БАКТЕРИСКА ИНФЕКЦИЈА НА КРВТА


Од бактериска инфекција починал 51 годишниот скопјанец на кого му беше пресадено срце пред скоро еден месец. Пациентот починал пред неколку дена на Клиниката за кардиохирургија. 

Информацијата за која досега се молчеше, а која ТВ24 ја дозна од негови блиски, утринава ја потврди и министерот Филипче. .

Неофицијално дознаваме дека и покрај одредени проблеми на почеток, пациeнтот го прифатил срцето, но морал да остане подолго на интензивна нега. Лекарите велат дека ваквите пациенти се многу подложни на бактериски инфекции, кои може да се доднесени од надвор, но и болнички. 

„Не е точно и не коректно да се кажува дека се потфрлува во некој дел. Инфекции во интензивните неги од специфични бактерии има насекаде во светот и тоа е така и кај нас. Имаме механизми кои ги користиме за тие пациенти да се излекуваат. Други пациенти со трансплантација имале таква форма на инфекција, па се излекувале. Не значи дека, ако има инфекција, дефинитивно нема да се спаси. Тоа е еден процес кој го има на интензивните лекувања на пациенти кои престојуваат заради друга болест, изјави министерот Филипче во Утрински брифинг. 

На Клиниката за кардиохирургија информираат дека неговата состојба по трансплантацијата била тешка и критична, а во консултација со лекари од Словенија и Хрватска било направено се за да излезе од интензивна нега. 

„Беше вклучен и на ЕКМО, но за жал и покрај сите интервенции тој почина. Пациентот имаше претходна пулмонална хипертензија која дополнително ја влоши состојбата. Дијагностицирана беше и белодробна инфекција, но поради силната имуносупресивна терапија поради  трансплантацијата, истата доведе до смртен исход. Инаку според сите статистики, 40 отсто од смртноста кај лицата со трансплантирано срце е во првиот месец по трансплантацијата“, соопштија денес од Клиниката за кардиохирургија. 

Пациентот имал и хрватско државјанство, но можност за трансплантација добил побрзо тука. Претходно бил хоспитализиран во неколку болници, во нашата земја и во Хрватска.  

Од Кардиохирургија потенцираат дека условите се на високо ниво и таму се прават сложени операции со висок процент на успешност. Од таму тврдат дека тројцата пациенти со трансплантирано срце се во добра состојба-двајца се дома, а третиот се оправува и нема индикации за отфрлање на срцето.

Извор 24.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Почина Љубисав Иванов – Ѕинго

Во својата 84. година, почина Љубисав Иванов- Ѕинго, поранешен долгогодишен пратеник, градоначалник на Кратово и претседател на Социјалистичката…