По исчезнатиот Мартин се трага и со подводен дрон

рчката спасувачка служба ќе вклучи и подводен дрон во операцијата за пронаоѓање на 28-годишниот Мартин, третото момче од Македонија кое исчезна во водите на Егејското море по невремето во саботата.

Потрагата се одвива отежнато поради неповолните временски услови на Халкидики и силниот ветер кој дува со брзина од над 5 степени според Бофоровата скала (над 30 километри на час).

Кога ветрот ќе се смири, ќе биде активиран и дронот чија камера може да прегледува 100 метри во длабочина и и 30 метри во широчина, јавува агенцијата АНА-МПА.

Како што објавуваат грчките медиуми, во Грција во секој момент се очекува да пристигнат мајката и братот на Мартин кои живеат во САД.

Тој и понатаму се води како исчезнат откако морските струи заедно со двајцата другари, кои веќе се спасени, ги однесоа во морето на познатата плажа „Мити“ во Посеиди, Халкидики.

Трите момчиња имале роденденската забава. Кога влегле во водата, нејверојатно стигнале до врвот од заливот каде пливањето е најстрого забрането и каде морските струи се мошне опасни.

Грчките медиуми објавуваат листа на најопасните плажи во Грција меѓу кои се и Мити кај Посеиди затоа што тука се спојуваат Солунскиот Залив со Егејското Море, а заради плимата и осеката се менува и движењето на морските струи. Кога дува јужен ветер свртува кон местото Посеиди, а кога дува северен ветар, тогаш струењата се менуваат кон Солунскиот залив.

При одредени климатски услови, голем број плажи во Грција се затвораат за посетители, а меѓу нив се и плажите Лаларија (Скијатос), Матала (Крит), Нас (Икарија), Хорефто (Пелион), Платиа амос (Кефалонија), Калами (Китира)…

Total
0
Shares
Поврзани објави