По 17 години бегство, уапсен скопски дилер

По 17 години бегство од правдата, вчера бил уапсен осуденикот Алија Реџаи, дознава “Фокус”.

Реџаи, кривичното дело поврзано со дистрибуција на дрога, го сторил во 2004 година, а уште 2006 година бил осуден на 12 години затвор, но се до вчера бил во бегство.

Бил упасен во близина на клучката кај Радишани. Сега тој се наоѓа во затворот “Идризово”.

Бегалецот билна погреб кај свој роднина на гробиштата во село Љуботен, полицијата го следела и го оставила да отиде, а го уапсила на враќање од таму, објави порталот МКД.мк.

Според наши извори, за погребот каде требало да се појави Реџаи имало колона од околу 100 возила. По безбедносната проценка, полицијата го чекала да се врати и да се намали фрекфентноста и гужвата од возила.

Бил пречекан во заседа во подножјето на Љуботен, а тој се возел на задното седиште со сиво БМВ кој го управувал неговиот син. Со нив било уште едно лице. Бил пресретнат и опколен од возила на тимовите кои работеле на акцијата и била фатен кога се враќал од погребот.

Total
0
Shares
Поврзани објави