По 50 години НАСА ќе ја лансира најмоќната ракета на Месечината

За прв пат по 50 години, НАСА денес планира да ја лансира првата ракета што во иднина ќе може да носи и луѓе до и од Месечината, пренесува Гардијан.

Џиновската ракета – Систем за вселенско лансирање (СЛС) треба да полета од комплексот на НАСА Кејп Канаверал, Флорида во 8:33 часот по локално време (14:33 по македонско време) на врвот на беспилотното вселенско летало Орион кое е дизајнирано да носи до шест астронаути на Месечината и подалеку.

Задачата на СЛС ќе биде да ја однесе тест-капсулата „орион“ далеку од Земјата. Ова вселенско летало, во кое место астронаути ќе бидат три кукли опремени со сензори, ќе кружи околу Месечината, пред да се врати на Земјата за шест недели, кога треба да падне во Тихиот Океан. Ова се очекува на 10 октомври. Се очекува 200.000 луѓе да бидат сведоци на спектакуларното лансирање.

Програмата за вселенскиот шатл на НАСА, како посредник, лансираше мисии со екипаж кои орбитираат околу земјата во релативно блиската вселената пред нејзиното прекинување во 2011 година.

Се очекува американските даночни обврзници да издвојат 93 милијарди долари за финансирање на програмата Артемис. Но, во деновите пред лансирањето, администраторите на НАСА инсистираа дека Американците ќе сметаат дека цената е оправдана.

„Ова е сега генерацијата Артемис“, изјави неодамна администраторот на НАСА и поранешен астронаут на вселенскиот шатл Бил Нелсон. „Бевме во генерацијата на Аполо. Ова е нова генерација. Ова е нов тип на астронаути“.

За дебито, единствените „членови на екипажот“ на Орион ќе бидат кукли наменети да и дозволат на НАСА да ги процени ризиците од следната генерација и нивото на радијацијата.

Total
0
Shares
Поврзани објави