Прва детска апликација за читање и слушање книги во Македонија

Следејќи ги светските трендови за интерактивен и иновативен начин на едукација на најмладите, тимот на „Ретинг“ од Скопје ја развива првата македонска детска мобилна апликација за читање и слушање книги – Boksy!

Апликацијатa е наменета за деца од 6 до 14 години. Во неа ќе има голем број книги за деца на македонски, англиски и на албански јазик од македонски и странски издавачки куќи кои ќе можат да се читаат или слушаат како аудиокниги на мобилните уреди. Покрај книги, апликацијата ќе содржи и многубројни едукативни квизови, дневни и неделни предизвици, креирање сопствени аватари, како и можност за натпреварување со други дечиња и освојување уникатни награди за оние што најмногу читаат.
– Ние сакаме љубовта кон читањето кај децата да започне со Boksy. Мисијата на Boksy е да се промовира читањето книги меѓу децата, на нов, забавен начин, соодветен на трендовите од новата дигитална ера. Сакаме времето што децата го поминуваат пред екраните да биде искористено квалитетно. Идејата е децата да можат да најдат книги за секое ниво, на која било тема, погодни за читање или слушање на кое било место и во кое било време од денот – во една апликација – велат Димитар и Ивана од „Ретинг“, компанијата која ја развива оваа мобилна апликација за деца.

Развојот на мобилната апликација Boksy е поддржан од Фoндот за иновации и технолошки развој. Апликацијата ќе биде достапна на македонски јазик, ќе може да се користи на телефон и таблет и ќе може да се преземе од App Store & Play Store. Мобилната апликацијата се планира да биде достапна за македонскиот пазар до крајот на летото.

На овогодишниот Саем на книгата, кој се одржува од 3 до 9 мај во „Арената Борис Трајковски“, сите посетители ќе можат да се запознаат со тимот кој работи на оваа иновативна апликација, како и да добијат подобра идеја за сите бенефити и карактеристики на апликацијата, преку посета на уникатно-брендираната количка за кафе пред влезот на Арената.
Повеќе информации за апликацијата ќе бидат достапни наскоро на веб-страницата www.boksy.mk.

Total
0
Shares
Поврзани објави