Први фотографии од кралското семејство по смртта на Кралицата

Кралицата Елизабета Втора, британскиот монарх со најдолг стаж, почина мирно во четвртокот на 96-годишна возраст во Балморал, соопшти Бакингемската палата.

Палатата ја објави нејзината смрт во кратко соопштение, по што следуваше 10-дневна национална жалост и почит за нејзиниот долг живот и рекордно владеење.

„Кралицата почина мирно во Балморал попладнево”, се вели во соопштението на Бакингемската палата.

„Кралот и кралицата ќе престојуваат во Балморал вечерва, а утре ќе се вратат во Лондон”.

Најстариот од нејзините четири деца, Чарлс , принцот од Велс, кој со 73 години е најстариот наследник во британската историја, веднаш автоматски станува крал на Обединетото Кралство. Официјално е потврдено дека ќе се вика Чарлс III .

Семејството на Елизабета Втора се собрало во нејзиниот шкотски дом, замокот Балморал, откако лекарите изразиле загриженост за нејзиното здравје претходно во текот на денот.

Сите нејзини деца – Чарлс, принцезата Ана (72), принцот Ендру (62) и принцот Едвард (58) – побрзаа во нејзиното повлекување во шкотскиот замок за да бидат со својата мајка.

Ним им се придружија синовите на Чарлс, принцот Вилијам и неговиот брат принцот Хари .

За потсетување, Бакингемската палата ја објави смртта на кралицата Елизабета вчера во 18:30 часот по западноевропско време. Записите за летот на принцот Хари покажуваат дека авионот на војводата од Сасекс во тоа време сè уште бил во воздух, а слетал на аеродромот само 15 минути по објавувањето.

Во текот на вечерта беа објавени и фотографии од загрижените членови на семејството кои пристигнуваат во Балморал.

Total
0
Shares
Поврзани објави