Први фотографии од куќата во која загина девојка од земјотресот во БиХ

Екипата на телевизијата N1 во Столац ја следи состојбата, а утрово го посети градот Кукавац каде се наоѓа семејната куќа во која е загината девојка.

27-годишната девојка им подлегна на тешките повреди откако огромна карпа паднала врз семејната куќа.

На првите фотографии се гледа штетата нанесена на куќата за време на земјотресот, но и едно од неколкуте парчиња карпа што синоќа паднаа врз домот на младата девојка.

Таа се здобила со сериозни повреди и итно била пренесена во болница во Мостар. И покрај големите напори на лекарите, тие не успеале да и го спасат животот.

Повредени се и родителите на повреденото девојче и сестра кои се во болница.

Total
0
Shares
Поврзани објави