Прв случај на ковод -19 во Северна Кореја

Северна Кореја утринава официјално го потврди првиот случај на појава на ковид-19 во земјата, а државните медиуми објавија дека во Пјонгјанг е откриена позаразна подваријанта на вирусот омикрон познат како БА.2.

„Најголемата вонредна ситуација во земјата се случи поради пукнатина на нашиот карантински фронт, кој успешно го заштитивме во изминатите две години и три месеци од февруари 2020 година“, објавија државните медиуми.

Во извештајот се наведува дека луѓето во Пјонгјанг се заразиле со варијантата омикрон, без да се наведат детали за бројот на случаи или можни извори на инфекција.

Истовремено со објавувањето на извештајот, севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун претседаваше со состанокот на владејачката Лабуристичка партија на кој се разговараше за одговорите на првото избивање на епидемијата на коронавирус во земјата.

Total
0
Shares
Поврзани објави