Претрес кај директорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција врши претрес во просториите на директорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми, потврдија з „Фокус“ од Обвинителството.

Оттаму кратко велат дека постапуваат по кривична пријава што била поднесена кај нив против Муареми од група граѓани. Муареми е недостапен за коментар.

Иако тој е дел од предистражна постапка на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал по кривична пријава поднесена од Државното правобранителство  за конфискацијата на имотот на Сеад Кочан,  сепак од обвинителството велат дека кривичната пријава била за друго, но не кажуваат за што бидејќи се работело за предистражна постапка.

Во кривичната пријава, Муареми, како тогашен истражител во СЈО, и обвинители од СЈО се товарат за злосторничко здружување со сега веќе осудениот Сеад Кочан, затоа што, носеле одлуки со кои сега е отежната конфискацијата. Поради нивни пропусти, имотот на Кочан не може да биде конфискуван, тврди Државното правобранителство.

Финансиската полиција пак сметаше дека Правобранителството, преку своите ставови изнесени во медиумите, се обидува да ја дефокусира јавноста од истрагата која се води за случајот со конфискацијата на имотот на Трансмет и стечајната постапка за оваа фирма.

Имотот на Кочан не е конфискуван, но за ова никој досега не презеде одговорност.

fokus.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави