Приватните превозници го блокираа скопскиот сообраќај

Приватните превозници утрово ја блокираа крстосницата кај трговскиот центар „Мавровка“ во центарот на Скопје. Велат дека го блокираат градот бидејќи градоначалничката Данела Арсовска  не им го плаќа долгот од 1,5 милион евра, ги остави без леб нивните семејства, нема слух за нив, шири лаги и го доведе јавниот превоз во колапс. Најавија дека блокадите ќе продолжат и во наредните денови на повеќе крстосници, се` додека не се седне на маса и не се реши проблемот кој го предизвика Арсовска.

Приватните автобуси престанаа да возат бидејќи ЈСП и Град Скопје не им исплаќаат пари за тоа што возат секој ден. Според договорот на приватниците со Градот, тие треба да добиваат по едно евро за секој изминат километар. Но, овој договор градските власти не го почитуваат и три месеци не им се префрлени пари на превозниците со што вкупниот долг е 1,5 милион евра.

Тие велат дека не можат да возат оти немаат пари за да стават гориво, а се сомневаат дека Градот сака да ги исклучи од јавниот превоз за да влезе друга фирма од соседството блиска до раководството на Градот.

Приватните превозници во јавниот превоз учествуваат со над 200 автобуси.

Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

И Нинџа се предаде

Александар Василевски – Нинџа утрово се предал пред надлежните органи дал исказ и е во притвор во Шутка.…