Приватните превозници утре ќе ја блокираат Илинденска, ако нема решение, од понеделник најавуваат целосна блокада на Скопје

Координативното тело на приватните превозници одлучи утре со почеток од 6 часот наутро да ја блокира улицата Илинденска од семафорите кај Влада до семафорите кај МИ-ДА во двата правци. Ќе се блокираат само десните ленти од коловозот, соопшти денеска на прес-конференција Ленин Јовановски од „Слобода превоз“.

Тој посочи дека не сакаат да направат никаде проблем се додека може да се поднесе оваа состојба. Јовановски откри дека директорот на фестивалот Златно Славејче го информирал дека утре по 3 години, ќе се одржи фестивалот и дека ќе доаѓаат луѓе од сите градови, и ги замолил да го одложат протестот.

„Ја имаме предвид молбата од директорот на фестивалот Златно славејче, не можете да останете рамнодушни на вакви барања. Ги имаме предвид и сугестиите од граѓани да се прават протести пред Градксото собрание, да не трпат сите граѓани. Пред Градското собрание утре ќе бидат паркирани околу 200 автобуси за да види градоначалничката Данела Арсовска дека не е таква бројката како што кажува она. Некој сака да ја дефокусира јавноста и да кажува дека нема проблеми, дека го покриваат градскиот проблем, но сите гледате што се случува“,посочи Јовановски.

Дали протестите и блокадите ќее продолжат за време на викендот, Јовановски не знаеше да каже, но нагласи дека секако ќе продолжат од понеделник ако нема решение на проблемот и декка тие ќе се радикализираат.

„Ако никој не сака да се свести и да седне на маса да разговараме за суштнскиот проблем, ако Арсовска и понатаму повторува дека и е важен јавниот интерес, а не приватните џебови, ако се грижи за јавниот интерес, треба да седне, ако не сака таа нека избере друг, и да изнајдеме сооодветно решение, да излеземе од оваа криза во јавниот превоз. Дали ќе објавува нови огласи тоа е нејзино право, прво да го решиме овој проблем. Дури и да сме биле криминалци, прво нека обезбеди резервна варијанта, па потоа нека го раскине договорот со нас“,рече Јовановски.

Ако нема решение, во понеделник овие 200  автобуси ќе се прегрупираат и ќе го блокираат сообраќајот од 6 часот наутро, ќе има целосна блокада на раскрисницата кај „Мавровка“, на раскрсницата кај „Црвен крст“ и на улицата Илинденска, додаде тоj.

Total
0
Shares
Поврзани објави