Приведeн Цуфи Кока – лицето кое со пиштол пукаше на протестите – Мицковски обвинува за обид за негова ликвидација

На петтиот ден од протестите против францускиот предлог за почеток на пристапните преговори со ЕУ за малку беше избегнат поголем инциденти откако колоната демонстранти беа нападнати со камења и шишиња од плоштадот Скендербег.

Кон првите луѓе во колоната демонстранти полетаа камења откако го минаа подвозникот пред трговскиот центар Мавровка. Дојде и до физичка пресметка чија ескалација ја спречи полицијата.

Оружје употребило едно лице од групата која била околу плоштадот Скендербег. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски објави фотографија од пукачот со тврдење дека целта му била да го убие токму него.

Полициски извори тврдат дека пукачот е веќе приведен. Се работи за лицето Цуфи Кока.  

Total
0
Shares
Поврзани објави