Пронајдена дрога, приведени 18 лица при контрола за време на музичка манифестација во Стар Дојран

Од вчера во 19.50 часот, па сѐ до 3.00 часот изутринава, за време на одржување на музичка манифестација во Стар Дојран, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица извршиле контрола и  ги лишиле од слобода М.Ж.(26), Ф.П.(25), Ж.Н.(26), К.Ј.(28), Ј.Р.(21), Д.Т.(22) и Ф.П.(34), сите од Скопје, И.Г.(25) од с.Кадино, општина Илинден, А.С.(26) и В.Б.(26) од Кавадарци, А.П.(26) и З.Т.(46) од Неготино, А.У.(23) и Ј.У.(30) од Нов Дојран, Ј.С.(19) од Тетово, С.И.(22) од село Ињево, радовишко, Р.Ј.(43) од Богданци и М.К.Е.(64) од Јамајка.

При преглед кај лицата биле пронајдени и одземени марихуана, кокаин и екстази.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Total
0
Shares
Поврзани објави