Пропадна денешниот избор на обвинители за тимот Русковска, немаше кворум

Пропадна изборот на пет обвинители во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција со кое раководи Вилма Русковска зошто во Советот на јавни обвинители денеска немаше кворум. Од тие причини, Советот денеска ги помина останатите точки од дневниот ред, а продолжение на седницата со точката за избор закажа за наредниот четврток.

Од 11 членови, актуелен мандат имаат 10, со оглед дека на Ацо Солев му заврши мандатот. Денеска беа присутни седум членови на Спветот, а за кворум за гласањето за избор на обвинители се потребни осум.

“Имавме договорено дека сите ќе присуствуваат за денес, но излегоа непредвидени одмори”, рече претседателот на Советот, Антонио Јолевски.

Меѓу тројцата кои отусуствуваа беше и републичкиот обвинител Љубомир Јовески. Како што рече претседателот на Советот, Јовески уште вчера најавил дека има состаноци и обврски за потпишување на некои договори, но не ја откажале седницата зошто и самиот Јовески се надевал дека ќе заврши до 12 часот кога беше закажан почетокот на седница.

Останатите двајца членови кои отусуствуваа се Љупчо Ивановски и Иџет Мемети. Тие утрово биле во просториите на Советот но, како што велат оттаму, поради итни обврски заминале. И двајцата се дел од Советот како членови кои се избираат во Собранието.

Претседателот Јолевски вели дека нема опција да пропадне конкурсот со оглед дека остана само изборот односно гласањето во Советот, но нагласува дека сакаат што побргу да го завршат изборот бидејќи во јуни годинава истекува мандатот на уште тројца обвинители од тимот на Русковска, па за околу еден месец ќе треба да распишат оглас и за тие три места што ќе се испразнат.

На прашање од новинарите дали има политички притисоци околу изборот, Јолевски рече дека нема, барем кај него лично. Како што вели, за останатите не може да гарантира, а најмалку за оние избрани од Собранието.

Покрај членовите кои се бираат од Собранието, останатите кои се дел од Советот се обвинители.

Total
0
Shares
Поврзани објави