Прототема: Ќерка на македонски политичар и инфлуенсерка уапсена за шверц со дрога на Миконос

Позната инфлуeнсерка од Северна Македонија и ќерка на политичар од соседната земја е едно од уапсените лица на Миконос за учество во злосторничка организација која продавала кокаин и екстази на грчкиот остров Миконос, пишува грчкиот весник „Прототема“.

Девојката која уште е опишана и како русокоса со многу следбеници на Инстаграм и чија мајка е правник/адвокат, оперирала заедно со уште двајца македонски државјани и еден познат либански ди-џеј. Лидер на групата бил 34 годишен скопјанец, десна рака му бил 35 годишен сонародник а четвртиот уапсен во групата либанскиот државјанин за кој само се вели дека потекнува од ситуирано семејство.

Според грчкиот весник, секој член на групата имал свои задачи а полицијата ги следела веќе подолго време. Полицијта на Миконос решила да дејствува кога групата одлучила да го напушти хотелот во кој била сместена. При апсењата и претресите се одземени 220 грама кокаин, 270 грама метаамфетамини, 437 таблети екстази и околу 160 грама канабис. Истрагата за идентификување на нивните контакти продолжува.

Либанскиот ди-џеј кој е уапсен како дел од групата се претставил како клиент на групата од Скопје. Пред полицијата, според Прототема, дал исказ дека тој само купувал дрога од криминалната група. Кај него полицијата нашла 3,7 грама кокаин.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Туристи во Црна Гора нарачале кафе со посебен вид млеко: Поради тоа што го добиле од келнерот се запалија мрежите – „Од сега ќе се вратиме на еспресо“

Видеото од туристите кои нарачале најобично кафе со млеко во Црна Гора преку ноќ стана вирално. Иако многумина…