Путин ќе се оперира од карцином, ќе го менува Патрушев?!

Рускиот претседател Владимир Путин наскоро ќе оди на операција oд рак, тврди „извор од Кремљ“, а пишуваат западните медиуми како „Дејли Мејл“ и „Мирор“.

На должноста, наводно, ќе го замени секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев.

70-годишниот Патрушев се смета за клучен архитект на досегашната воена стратегија и човек кој наводно го убедил Путин дека Киев е преполн со неонацисти.

Овие тврдења се појавија и на популарниот Телеграмски канал „General SVR“, кој вели дека неговиот извор е добро позиционирана личност во Кремљ, пишува „Дејли мејл“.

Total
0
Shares
Поврзани објави