Рашковски и Вељановски излегуваат до куќен притвор

Драги Рашковски и Трајко Вељановски излегуваат од ќукен притвор. Ваква одлука донел Апелациониот суд во Скопје.

Во случајот со поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски судот ја прифатил понудената гаранција од 192.980 евра во недвижен имот. На Рашковски определени му се мерки на претпазливост и тој секој понеделник ќе мора да се јавува во Основниот кривичен суд Скопје и провремено му е одземен пасошот се до правосилноста на пресудата во случајот во кој тој е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување и перење пари.

Трајко Вељаноски, поранешниот претседател на Собранието, е во куќен притвор за случајот Организатори на 27 април за кој од првостепениот суд е осуден на шест години и шест месеци затвор.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Обвинение за Ел Чека

Основното јавно обвинителство Кичево поднесе Обвинителен предлог против лице кое сторило продолжено кривично дело – Неовластено прислушкување и…