„Регулаторна“ ќе ја укине евтината дневна тарифа и трошоците за обновливи извори?

Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимовски, најави можно укинување на евтината дневна тарифа на електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи.

Бислимовски во емисијата „Студио 10“ рече дека повеќе не постојат „пиковите“ од 14 до 16 часот.

– Ги правиме последните анализи, ќе направиме се да ја спасиме дневната евтина тарифа, рече Бислимовски песимистично.

Тој најави и дека же се укине дел од профитната маржа на енергетските компании и дека трошоците за обновливи извори, кои секое домаќинство ги плаќа во сметките за електрична енергија, ќе одат како пари за набавка на струја од АД ЕСМ.

– Трошокот за обновливи извори – 25 милиони евра од повластените производители, нќе предложиме да се тргне и да се намени за слободниот пазар по цена за 100-110 евра од мегават час, истакна Бислимовски.

Тој алармираше дека „Северен ток“ нема да се пушти и дека цената е 2.200 долари за нормален метар кубен природен гас, додека последниот квартал таа била околу 280 долари за метар кубен одза кој „Макпетрол“ имал договор до 31.12.2022. Сепак нема првична претстава колку би поскапело парно-греењето.

„Очекуваме „Макпетрол“ да обезбеди природен гас за следната година, цената не ја знаеме, но кога ќе ја дознаеме, таа ќе биде главен инпут за топлинска енергија.

Со зголемувањето на ценатта на природниот гас, цената на ХУПЕКС достигна 600 евра мегават час, тоа е за 1000 проценти зголемување во однос на тоа што сме го имале само пред шест месеци“, пресметува Бислимовски.

Тоа се нереални зголемување, тоа не е трошковен принцип, туку на геополитика, а земји како нас не можат да влијаат на ова.

faktor.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави