Риши Сунак прв кандидат за нов премиер во Британија

Во трката за наследник на краткотрајната британската премиерка Лиз Трас, Риши Сунак е првиот кандидат кој го собра потребниот број номинации. Но, кам-бекот на Борис Џонсон исто така изгледа можен.

Поранешниот британски министер за финансии, Риши Сунак, е првиот кандидат на Конзервативната партија кој го помина цензусот од 100 гласови поддршка од пратениците на партијата и кој ќе се најде на гласачките ливчиња за избор на нов шеф и иден премиер.

„Чест ми е што сум 100-тиот пратеник на Ториевците што го поддржува „#Ready4Rishi““, напиша на Твитер пратеникот на Конзервативната партија, Тобијас Елвуд. И други британски пратеници потврдија дека Сунак го достигнал минималниот број поддржувачи.

Номинациите за избор на нов лидер на Конзервативната партија се затвораат во понеделник во 14 часот по локално време.

Total
0
Shares
Поврзани објави