Роналдо повеќе не е дел од Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед и официјално соопшти дека става крај на соработката со Кристијано Роналдо.

„Клубот сака да му заблагодари на Роналдо за придонесот за време на двата негови ангажмани на „Олд Трафорд“. Постигна 145 голови на 346 натпревари. Нему и на неговото семејство им посакуваме сè најдобро во иднина“, соопшти Манчестер Jунајтед во кусото соопштение.

Како што пренесуваат медиумите од островот, на оваа одлука се огласи и самиот Роналдо. Тој вели дека ги сака клубот и навивачите и тоа никогаш нема да се промени.

„Му посакувам многу успех на тимот во продолжението на сезоната и во иднина“, вели Роналдо.

Претходно, португалецот во телевизиското интервју со Пирс Морган, упати сериозни критики и кон тернерот и кон раководството на Манчестер Јунајтед.

Total
0
Shares
Поврзани објави