РУСИЈА ГИ БОМБАРДИРАШЕ КИЕВ, ХАРКОВ, ОДЕСА И ЛАВОВ: Експлозии и детонации одекнаа низ цела Украина

Утринава ширум Украина беа пријавени десетици воздушни напади на руските сили. Киев утрово го разбудиле експлозии и детонации, а слична е ситуацијата и во Харков, како што потврдија градоначалниците на двата града.

Градоначалникот на Киев извести дека Русија го нападна Киев во последните неколку напади врз Украина.

– Експлозии во главниот град – напиша на Телеграм градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

Кличко изјави дека двајца повредени во нападите утринава се хоспитализирани.

Новинарите во Киев објавија дека слушнале експлозии во 6 часот наутро. Експлозиите се дел од бранот руски напади низ Украина.

Нападнат бил и Лавов. Четири лица загинаа во руски ракетни напади врз западниот регион Лавов, напиша на Телеграм началникот на регионалната воена администрација.

– Жителите на регионот Лавов, воздушната тревога оваа ноќ траеше четири часа… Во областа Золочив, непријателска ракета падна во станбена зона. Избувнал пожар. Веќе е исклучен. Во овој момент се знае дека се мртви четворица. Тоа се четворица возрасни. Двајца мажи и две жени. Тие биле дома кога паднала ракетата. Останките се уште се отстрануваат. Можеби има други луѓе под нив. Уништени се три станбени згради – Козицки објави видео од штетата.

Напади биле забележани и во Одеса, а новинарот на Тајмс изјавил дека од термоцентралата во Киев се гледа чад.

Експлозиите предизвикаа прекин на електричната енергија во некои градови.

Околу 40 отсто од Киев е без греење, а околу 15 отсто без струја по утринскиве ракетни напади врз енергетските објекти, напиша градоначалникот Кличко.

„По ракетниот напад, поради итен прекин на струја, 40 отсто од потрошувачите во главниот град во моментов се без греење. Водоснабдувањето работи нормално“, напиша Кличко на Телеграм.

Гардијан наведува дека моменталната температура во Киев е четири степени Целзиусови.

– Во некои делови нема водоснабдување или струја. Ситуацијата е тешка. Нема жртви – изјави градоначалникот на Житомир, Сергиј Сукомлин.

Поради гранатирањето, нуклеарната централа Запорожје остана без струја.

– Денеска беше прекината последната линија на комуникација меѓу окупираната нуклеарна централа Запорожје и украинскиот електроенергетски систем -се вели во соопштението на агенцијата Енерхоатом.

Total
0
Shares
Поврзани објави