Руски авион исчезна од радарот, меѓу 22-та патници во авионот и едно дете

Авион Антонов Ан-26 со 22 патници и шест члена на екипажот исчезна од радарите во рускиот регион Камчатка, јави ТАСС повикувајќи се на портпаролот на главниот регионален разгранок на руското Министерство за вонредни ситуации.

Aвионот Ан-2 исчезна од радарот. Се обидуваме да откриеме што се случило“, изјави неименуван службеник, пренесува ТАСС.

Според податоците на Министерството за вонредни ситуации, едно дете се наоѓало меѓу 22-те патници во авионот што летал од Петропавловск-Камчатски до Палана.

Извор за итни ситуации за агенцијата ТАСС изјавил дека контактот со леталото бил изгубен при слетувањето.

Подрачјето на рутата по која летал авионот ја пребаруваат два хеликоптери и специјален авион.

Според руските медиуми, авионот бил технички исправен, а службите за итни случаи објавиле дека авионот може да се урнал во морето.

Авиокомпанијата „Камчатка ерлајнс“ наведува дека падот на авионот сè уште не е потврден.

Истражниот комитет покренал кривична постапка.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Видео: Нападната Одеса!

Дописничката на „Вашингтон пост“ Изабел Хуршудјан која е со седиште во Одеса се огласи на Твитер и истакна…