Русковска – Во тек е спогодба со Мијалков за „Империја“, три години затвор и 30 милиони евра вреден имот да се заплени 6 милиони да уплати на државата

Главната обвинителка на Обвинителството за спречување организиран криминал и корупција, Вилма Русковска изјава дека во тек е спогодбата за осомничениот во случајот „Империја“, Сашо Мијалков. Таа во изјава за МИА вели дека Обвинителството наскоро ќе објави детали за спогодбата.

Телма објави дека Мијалков признал вина и се спогодил со Обвинителството на Русковска да добие три години затвори и да му биде конфискуван имот во висина од 36 милиони евра, од кои 30 милиони во имот и шест милиони евра готовина.

Претходно за истиот случај со Обвинителство се спогоди и бизнисменот Јордан (Орце) Камчев. Тој доби една година затвор и да уплати 5,1 милиони евра на државниот буџет преку УЈП.

Истрагата за случајот „Империја“ по три и пол години заврши неодамна и резултираше со замрзнување на имотот на фирми поврзани со Камчев и поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков.

Истрагата беше отворена на 9 ноември 2018 година. Осомничени, освен Камчев, Јосифовиќ и Мијалков беа уште 10 лица – нивни соработници, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела: Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.

Првичната истрага покажа дека осомничените испрале 8 милиони евра пари од Македонија и 2,5 милиони од странство, преку оф шор компании. Тие го оштетиле Буџетот на Македонија за речиси 6.3 милиони евра.

Total
0
Shares
Поврзани објави