Русковска за случајот Зекири: Мислам дека знаеме каде се парите 

„Мислам дека знаеме каде се парите“, вели за ДВ, обвинителката за борба против организиран криминал, Вилма Русковска во врска со случајот којшто беше обелоденет во петокот (08.04) за злупотреби направени во Генералниот секретаријат на Владата. Детали за целиот случај допрва се очекува да бидат обелоденети.

Русковска за Дојче Веле објаснува дека предметот за проневера против генералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири и уште двајца хрватски државјани, го добиле во втората половина на 2021 година, откако истрагата ја водело Министерството за внатрешни работи.

„Надлежен обвинител во меѓувреме издаде повеќе наредби за собирање докази и во текот на вчерашниот ден стигна и последното известување, по што надлежниот обвинител донесе наредба за спроведување истрага и предлог за притвор за осомничените“, вели Русковска.

Сознанијата на обвинителството се дека осомничените хрватските државјани се надвор од земјата. Таа најавува дека ќе стапат во контакт со хрватските колеги, на кои ќе им ги достават доказите коишто ги поседуваат.

„Доколку се согласат да го преземат гонењето, нивното понатамошно процесуирање ќе биде во Хрватска“, објаснува обвинителката.  

Total
0
Shares
Поврзани објави