Русковска: Многу е жешко столчето, се надевам на победа, да победи правдата !

Пред малку во Советот на јавни обвинители пристигна Вилма Русковска, поранешен шеф на Обвинителството за гонење криминал и корупција . Таа дојде да гласа за шефовското место за кое конкурира.

Ако овие избори не бидат фер кога гласаат обвинители што да очекуваме од другите избори. Ако изгубам ќе признаам пораз. Очекувам да победам односно правдата да победи. Очекувам ако не сум избрана колегите да продолжат каде што застанав, голема е одговорноста. Многу е жешко столчето, не е само да си шеф туку и повеќе.

Total
0
Shares
Поврзани објави