Русковска ја побарала целокупната документација за јавните набавки на модуларните болници

Ова е одделна истрага од онаа што ја вршат петтемина основни јавни обвинители по синоќешната катастрофа во Тетово, објави СДК.мк

Обвинителката за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, дала наредба до Бирото за јавни набавки утре да ѝ ја достави целокупната документација за јавните набавки за сите 19 изградени модуларни болници во Македонија, објави СДК.мк .

Пет обвинители го истражуваат пожарот во модуларната ковид болница во Тетово

Според нивните информрации, ова е одделна истрага од онаа што ја вршат петтемина основни јавни обвинители по синоќешната катастрофа во Тетово.

Филипче: По завршување на истрагата ќе одлучам дали ќе поднесам оставка

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција рече дека верува во безбедноста на модуларните ковид-центри низ државата, бидејќи тие се клучен фактор во спасувањето на животи.

„Што се однесува до модуларните болници, нашиот интерен увид покажа дека сите вградени материјали имаат сертификати, А-тест за електрична, водоводна и канализациона инсталација. тоа значи дека се што е вградено од материјалите е со сертификат од производителот, а процесот на инсталација е со А-тестирање. Сето тоа е под надзор на акредитирана компанија што контролира дали се обезбедени сите сертификати за буквално секој материјал што се вградува во модуларната болница. По завршување на сите постапки, надзори и техничкиот прием, објектот се предава на болницата во градот за понатамошно управување и одржување“,рече Филипче и додаде дека поставувањето на овие објекти е со претходна согласност на Светска банка, која ја финансираше изградбата.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Земјотрес и во Босна

Два земјотреси рано утрово ја потресоа Босна и Херцеговина. Епицентарот на потресите бил на местото на епицентарот на…