Рускоска прво ќе го оперира колкот, па ќе размислува за кариерата

Советот на јавни обвинители идната недела треба да донесе одлука со која Русковска ќе биде вратена во нејзиното матично, скопско обвинителство.

Но додека се одлучи за нејзнината кариера каде ќе ја продолжи Рускоска изјави дека не размислува на тоа.

„Видовте како одам, морам прво тоа да го средам. И веќе треба да одам на преглед, сега на почетокот на декември. Додека не се оперирам, јас лично не размислувам за што ќе правам понатаму. Ова ми е приоритет“, изјави вчера обвинителката Русковска.

Пред неа стои тешка борба со здравјето но и со обвинителството каде беше шеф. Соочена е со кривична пријава и дисциплинска постапка.

Кривичната пријава е поради претресот на Обвинителството за гонење на организирн криминал во Финансиска, а институцијата се сомнева дека обвинителките ја злоупотребиле функцијата и оти направиле фалсификат за да извршат претрес во институцијата. Овие наводи ги проверува скопското обвинителство, а и се води дисциплинска постапка против обвинителките. Русковска до овој епилог вели дека ја интересира само едно.

Total
0
Shares
Поврзани објави